Владина делегација оддаде почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“

Владина делегација оддаде почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот „Слобода“ во Скопје, по повод 17-годишнината од промовирање на спомен-обележјето на загинатите припадници на поранешната ЈНА.

Во воениот конфликт на просторот на поранешната СФРЈ загинаа 54 граѓани кои потекнуваа од нашата држава, а настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година и ги положија своите животи, извршувајќи ги своите уставни и законски должности.

На настанот, кој е во организација на „Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92“, пред споменикот „Мајкино скршено крило“ положија цвеќе и членови на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Министерството за одбрана и од државни институции.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …