Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај

Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Северна Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот.

Венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Делегација на Собранието на Северна Македонија, на Армијата на Северна Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.

Прочитајте повеќе

Зградата на МВР Полиција

Тетовец изнудувал пари од својата партнерка под закана дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии

Пријавениот изнудувал пари од својата 44 годишна партнерка, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини …