ВМРО-ДПМНЕ бара невладините да не издаваат препораки за членовите на Советите на ААВМУ и МРТ

ВМРО-ДПМНЕ бара невладините да не издаваат препораки за членовите на Советите на ААВМУ и МРТ

Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска се одржа четвртото продолжение на амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. Се дискутираше за 5-от амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара да се избрише ставот од предложениот закон со кој се предвидува кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и на Македонска радио телевизија (МРТ) да достават писмо за поддршка од две невладини организации.

Според Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ, нема независни граѓански организации, бидејќи се или со едната или со другата политичка опција.

Со ова темпо на долги дискусии опозицијата го блокира носењето на законот со цел да ги задржат партиските членови во советите, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој беше на седницата како претставник на предлагачот на законот, односно на Владата.

Во четирите досегашни продолженија на седницата на собраниската комисија се дискутираше за пет амандмани, а остануваат уште 70.

За помалку од еден месец, на четирите амандмански продолженија на седниците на Комисијата за транспорт и врски, пратениците поминаа едвај 5 амандмани од над седумдесетина кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …