Во Германија поради високите температури годинава починале 3.100 луѓе

Во Германија поради високите температури годинава починале 3.100 луѓе

Оваа година починале околу 3.100 луѓе во Германија како последица на високите температури, според проценките на здравствени истражувачи во Берлин, пренесува новинската агенција ДПА.

Најголем дел од смртните случаи предизвикани од високи температури се на во возрасна група од 75 години и постари, пишува во најновиот неделен извештај на Институтот Роберт Кох, која е главната владина научна институција во областа на биомедицината.

Според податоците, поради високи температури починале повеќе жени отколку мажи. Бројот на смртни случаи варира многу од година во година, во зависност од интензитетот на топлотниот бран.

Институтот Роберт Кох ги објави бројките на смртни случаи поврзани со високите температури во Германија кои во 2015, 2018 и 2019 изнесувале повеќе од 6.000 лица. Во 2014, 2016, 2017 и 2021 година имало од 1.000 до околу 1.700 случаи, додека за 2023 година е пресметана бројка од 3.100 лица.

Во повеќето случаи, како што пренесува германската новинска агенција, комбинацијата на топлина и на веќе постоечки здравствени проблеми може да доведе до смрт. Затоа, од институтот Роберт Кох велат дека топлината обично не е наведена како основна причина за смрт.

Поради тоа, институтот го проценува бројот на смртни случаи поврзани со високите температури користејќи статистички методи кои вклучуваат податоци за температурата на воздухот и податоците за морталитет.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …