пожар

Во големиот пожар во ТЦ „Глобал“ во Струмица изгореа најмалку 10 продавници и затворениот пазар

Рано утринава е изгаснат пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. На одредени места во внатрешниот дел огнот сеуште тлее и повремено се појавуваат пламени јазици.

Местото го обезбедува полиција, а присутна е и екипа на ТППЕ Струмица.

Според првичните проценки, изгорени се повеќе од десет продавници, затворениот пазар и тезгите, а пламените огнот зафатил и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Причините за пожарот не се познати.

Повредени нема, а причинетата штета е огромна.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …