Во ковид-центрите се лекуваат 1.271 пациент и има околу 240 празни кревети

Во ковид-центрите се лекуваат 1.271 пациент и има околу 240 празни кревети

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.271 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.

Вкупно 477 пациенти потврден и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. До утрово, во болниците во Скопје имало 40-тина слободни места.

На Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, информираат од Министерството за здравство.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …