Во претстојниот викенд во Крушево ќе се одржи Фестивалот на храна и култура „Taste Krusevo“

Во претстојниот викенд во Крушево ќе се одржи Фестивалот на храна и култура „Taste Krusevo“

Во организација на СОУ „Наум Наумовски – Борче“, од 27 до 29 септември во Крушево ќе се одржи Фестивалот на храна и култура „Taste Krusevo“.

Во рамки на Фестивалот, ќе се одржи гастрономски натпревар на кој ќе се приготвуваат традиционални крушевски јадења, дегустација на храна и посета на културни знаменитости за учесниците, но и за сите посетители. Крушевското средно училиште очекува учество од повеќе државни средни училишта, државни универзитети и други учесници од странство.

„Знам дека настанот ќе успее особено, бидејќи имаме работа со млади од Крушево и нивниот оптимизам ме тера да дадам максимум. Дополнително, жално е еден град како Крушево кој има толку многу да понуди, да го перцепираат само преку неколку настани и неколку културно – историски споменици. Затоа, ‘Taste Krusevo’ треба да покаже колку ние имаме оригинални идеи, амбиции и најмногу од се’ сопствен стил“, вели Снежана Миленковска, директорка на СОУ „Наум Наумовски Борче“.

За градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски овој настан е потврда за широката понуда и туристичкиот потенцијал на Крушево.

„Имаме многу содржини во Крушево и навистина имаме што да понудиме. Ако цело лето имавме богата понуда за авантуристички спортови и чист воздух, еве сега на почеток на есента, покрај авантурата преку ‘Taste Krusevo’ на посетителите им го нудиме вкусот на нашата храна и историското богатство на културните знаменитости. Ги поканувам сите граѓани од државата и надвор од неа да го посетат Фестивалот и да ја дегустираат вкусната храна“, вели Христоски.

Како поддржувачи на овој настан се јавуваат Општина Крушево, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Центарот за средно стручно образование, Локален младински совет Крушево, When in Krusevo, Викенд во Крушево, како и многу индивидуалци, граѓани и вљубеници во Крушево, како Димитар Ангелкоски, Теано Кардула и други.

Прочитајте повеќе

стевчо јакимовски

На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење на општинската зграда во Карпош …