Во Прилеп по втор пат се одржа манифестацијата „Европски ноќи на музеите“

Во Прилеп по втор пат се одржа манифестацијата „Европски ноќи на музеите“

Шесте прилепски музеи: Галеријата на икони, Музејот на археолошки артефакти, Меморијалниот музеј „11 Октомври“, Спомен куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Музејот на тутун и Лапидариумот, ширум ги отворија вратите за посетителите на втората по ред манифестација организирана во чест на Светскиот ден на музеите, 18 мај.

Посетителите ги поздрави градоначалникот Илија Јованоски, кој воедно ја отвори манифестацијата.

„Улогата на она што го имаме како наше идентитетско културно обележје,  на кое се гледало во потесна смисла како симбол на национална гордост, со еден ваков отворен пристап се шири, со цел вклучување на пошироки феномени – економски и туристички развој, општествена кохезија, негување и почитување на културна разноликост. Во таа насока, слободно можам да истакнам дека тоа што шесте музеи се отворени во оваа ноќ, каде можат да се погледнат поставки кои датираат од различен временски период, е можност културното наследство да се приближи до секој граѓанин. Овој аспект е уште позначаен, имајќи предвид дека со одбележувањето на „Европските ноќи на музеите“, ја потврдуваме заедничката определба за почитување и за негување на културното наследство“, посочи градоначалникот Јованоски.

Според директорот на НУ „Завод и музеј“, Благоја Атанасоски, Заводот има што да понуди.

„Вечерва се отворени сите 6 музеи, со што по втор пат се вклучивме во акцијата за одбележување на Денот на музеите. Навистина поседуваме богата културна ризница“, посочи Атанасоски.

Во вторник, НУ „Завод и музеј“ ќе го отвори Лапидариумот. Во овој отворен простор ќе бидат изложени околу 100 експонати.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …