Во шумски пожари во Чиле загинаа повеќе од 50 луѓе

Во шумски пожари во Чиле загинаа повеќе од 50 луѓе

Најмалку 51 лице загина во шумските пожари што го зафатија централниот дел на Чиле, а бројот на жртвите најверојатно не е конечен, соопштија властите во неделата.

Областа околу туристичкиот град Вина дел Мар во регионот Валпараисо е најтешко погодена од пожарите, а спасувачките тимови се обидуваат да стигнат до најранливите области, јавува Ројтерс.

Чилеанската министерка за внатрешни работи Каролина Тоха изјави дека бројот на загинати е зголемен бидејќи на патот се пронајдени пет тела и се покажува дека бројот на жртвите се очекува да расте.

„Условите во регионот Валпараисо се многу деликатни“, нагласи Тоха, истакнувајќи дека Чиле се соочува со најголемата катастрофа од 2010 година.

Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци.

Минатата година поради рекордно високите температури загинаа 27 лица, а беа уништени повеќе од 400.000 хектари земја.

Тоха додаде дека оваа година површината зафатена со пожари е многу помала, но дека бројот на уништени хектари постојано се зголемува.

Помеѓу петокот и саботата, површината зафатена од пожарот се прошири од 30.000 на 43.000 хектари.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската војска им наредила на Палестинците кои живеат во населбите во Источен Рафа, во близина …