Вонреден инспекциски надзор во „Макстил“

Вонреден инспекциски надзор во „Макстил“

Државниот Инспекторат за животна средина вчера изврши вонреден инспекциски надзор во фабриката „Макстил“, каде што гореше отпадно железо.

Во соопштението на Државниот Инспекторат за животна средина и просторно планирање, стои дека погонот Челичарница согласно известувањето од 30 април годинава, не е во функција од 29 април, како и во моментот на надзорот и кога беше предизвикан пожарот.

„Во моментот на надзорот пожарот сè уште не беше целосно изгаснат, односно во тек беа активности за негово финално гаснење од страна на релеватни служби, а истиот беше ставен под контрола. Пожарот е започнат/забележан од страна на вработени лица на 10 мај околу 21.20 часот, по што е пристапено кон негово гаснење со ПП апарати. Потоа е повикана напомош Противпожарна служба на РЖ Услуги Железарница, како и Градска Противпожарна служба. Во текот на гаснењето подоцна се има вклучено и ЈП Водовоод и Канализација“ стои во соопштението.

До Министерството за животна средина и просторно планирање, во октомври 2015 година, била доставена Програма со дефинирани критични точки, односно потенцијални места на несакани дејствија во однос на загадувањето на животната средина, каде има и дел за заштита од пожари, односно план за заштита и спасување од природни непогоди и несреќи.

„Врз основа на податоците од Државниот Автоматски Мониторинг Систем за Квалитет на Воздухот, во текот на ден 11.05.2018 година е забележано зголемување на концентрациите на РМ10 во 03 часот наутро на мерното место Гази Баба (кај ПМФ) часовната концентрација била 228.02 микрограми на метар кубен и на мерното место Ректорат часовната концентрација била 137.22 микрограми на метар кубен. Веќе од 5 часот, евидентирано е намалување на концентрациите“ додаваат во соопштението.

По целосно прибирање на сите релеватни информации, ДИЖС ќе излезе со уште едно соопштение за понатамошно водење на инспекциската постапка.

Извор: Civilmedia

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …