Вооружен масакр во Џорџија

Вооружен масакр во Џорџија

Во пукотниците во три салони за масажа во пошироката област на Атланта, во вторникот загинаа осум лица, соопштија властите во американската сојузна држава Џорџија.

Најнапред четири лица загинаа, а едно лице е повредено во пукотница во салон за масажа во округот Чероки. Набргу потоа, пукотници во два салони за масажа во Атланта, кои се наоѓаат еден спроти друг на иста улица, однесоа четири мртви. Началникот на полицијата на Атланта Родни Брајант изјави дека сите четири жртви биле жени.

Што се случи во салоните на Аталанта?

Полицијата во Атланта одговорила на повик за грабеж кој се одвивал во салон за масажа нешто пред 18 часот според локално време. По пристигнувањето, полицајците пронашле три  убиени со очигледни рани од огнено оружје, соопшти полицијата.

USA | Schießerei in Massagesalons in Atlanta

Додека биле на сцената на тоа злосторство, имало јавување за истрели во друг салон преку улицата и во салонот пронашле мртва жена, која исто така починала откако била застрелана.

Второ пукање во Акварт

Претходно, околу 17 часот според локално време, пет лица биле застрелани во салонот за масажа  Јанг во местото Акварт, околу 50 километр северозападно од  Атланта, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Чероки.

Две жени веќе биле мртви, а три биле пренесени во болница каде што две од нив починале, изјави портпаролот на шерифот, Џеј Бејкер.

Сѐ уште не е познато дали пукотниците во салоните во Атланта се поврзани со оној во округот Чероки.

USA | Schießerei in Massagesalons in Atlanta

Подоцна во вторникот, 21-годишен маж беше уапсен во врска со смртоносните пукотници.

Бил приведен во југозападна Џорџија, неколку часа по нападот.

Официјалните лица од округот Чироки потврдија дека осомничениот бил приведен во округот Крисп во вторникот вечерта, на околу 150 километри јужно од Атланта.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …