Времето денеска сончево и топло, до 37 степени, попладне можен дожд

Времето денеска сончево и топло, до 37 степени, попладне можен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура ќе се движи од 29 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се искачи до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а в сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места. Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и в понеделник, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …