Денеска ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, попладне претежно во планинските региони во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец а температурата ќе се движи од 24 до 31 степен Целзиусов.
