Втора жртва на морбили, почина 13 месечно бебе од Свети Николе

Втора жртва на морбили, почина 13 месечно бебе од Свети Николе

Морбилите ја зедоа и втората жртва. На клиниката за детски болести вчера вечерта почина 13 месечно бебе од Свети Николе, како последица на компликации од морбили. Бебето имало и претходно заболување, хронична пнеумопатија, заради што примало кортико терапија, која, како што велат лекарите, дополнително го намалила неговиот имунитет, а вирусот на морбили дополнително ја влошил цената ситуација. Откако три дена се лекувало од морбили, од 6 до 8 месецов на Клиниката за инфективни болести, во тешка состојба било префрлено на детска клиника.

„Со клиничка слика на морбили беше примено на инфективна, по три дена паѓање на температурата, дететот во тешка состојба е префрленмо на натамошен третман во нашата клиника. За жал со прогресивно влошување на состојбата, масивна пнеумонија, не успеа да ја добие битката со морбилите“, вели Катерина Ставриќ, директор на клиника за детски болести.

Кај бебето бил направен и обид за поставување на респиратор, но без успех.

13 месечното бебе заразата ја префатило од неговиот татко, кој од морбили се разболел пред околу две до три недели.

На клиниката за детски болести уште едно бебе, 5 месечно доенче, е во тешка состојба. И тоа имало претходни белодробни проблеми.

„Поради тежината на клиничката слика е префрлено кај нас, сега е на респиратор, се надеваме дека со примена на сите протоколи, ќе успееме да го извлечеме“, вели Ставриќ.

Според информациите, во текот на вчерашното дежурство, дежурните служби прегледале 9 пациенти со морбили, од кои три се применти за болничко лекување. Бебето од 6 месеци од Студеничани, а второто има 1 и пол година и е од Радишани, двете се невакцинирани, и имаат бронхопневмонија. Третата болна е 47 годишна пациентка од Кисела вода, со морбили и акутен хепатит, а таа има непознат вакцинален статус. На Инфективна клиника има 25 пациенти со морбили од кои неколку се деца, со посериозни пневмонии. Амбуланстки, пак, се прегледани уште 6 пациенти со морбили, едно 6 месечно дете од Куманово, и возрасни од 24 до 43 години, главно од село Студеничани, со непознат вакцинален статус.

Инаку, од вкупно 11 илјади невакцинирани деца на предучилишна возраст, досега се вакцинирани 6.128 деца.

Лекарите повторно апелираат невакцинираните деца час поскоро да се вакцинираат.

„Повторно апелираме до сите здрави деца да се вакцинираат, се додека не постигнеме колективен имунитет од 95 отсто, не можеме да се избориме со епидемијата“, вели Ставриќ.

Бебето од Свети Николе е втора жртва на морбилите, откако сои нив пред неколку дена битката ја изгуби и шестмесечно бебе од Куманово.

Од Министерството за здравство соопштија дека искрено жалат што овие деца се жртви на епидемијата од мали сипаници, болест која, велат, може да се спречи со вакцинација. За вакцините нагласуваат декас се бесплатни, и се со проверен европски квалитет и рок на траење.

Нина Нинеска-Фиданоска

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …