Вучиќ не се меша за референдумот, вели за Белград е добра вест ако се реши спорот

Вучиќ не се меша за референдумот, вели за Белград е добра вест ако се реши спорот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во врска со претстојниот референдум во Македонија рече дека Србија не сака да се меша во внатрешните прашања на другите земји, но дека ќе поддржи сè што води кон стабилност во регионот и дека секогаш позитивно ќе реагира ако нејзините соседи ги решаваат проблемите.

– Сè што придонесува за регионалната стабилност е од значење за целиот регион – рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев на граничниот премин Прешево – Табановце.

На прашањето дали ќе ги повика Србите во Македонија на референдумот да го поддржат договорот со Атина, Вучиќ рече дека Србија не сака да се меша и дека за Белград е добра вест ако Скопје и Атина го решат овој спор.

Заев рече дека сите лидери во регионот треба да бидат обединети околу целта за да се постигне заеднички мир.

– Македонија го поддржиува решението за Косово. Решение кое ќе го унапреди животот на Србите и на Албанците. Решение кое ќе го гарантира митор и безбедноста во Србија и на Косово – рече Заев.

Заев и Вучиќ на граничниот премин разговараа за воспоставување обединет граничен премин меѓу двете држави со што на границата ќе има само една гранична контрола и царина со што ќе се преполови времето на чекање.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …