земјотрес штип

За три дена, трет земјотрес во Штип

Земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Оттаму велат дека според досегашните податоци, земјотресот се случил во 11 часот и 31 минута на епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од жителите во околината на Штип.

И Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар исто така информираа дека во овој регион е почувствуван потрес, но дека нема сеизмички податоци кои би потврдиле земјотрес.

 

За три дена, ова е трет потрес што го погоди регионот на Штип. Во раните утрински часови во средата се случи земјотрес со јачина од 3 степени, а вчера попладне се случи уште еден со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …