сончево време

За викендот врнежливо, од понеделник стабилно и топло време

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец со брзина од над 60 км/час. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови. Во почетокот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе се движат во интервалот од 16 до 24 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …