Забраната за влез и излез од Куманово се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз

Владата на Република Северна Македонија на денешната 29-та седница донесе заклучок да ја информира јавноста дека одлуката со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз.

Владата им препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на општина Куманово, доколку за тоа имаат потреба, да продолжат да го обезбедуваат пристапот до нивните објекти доколку имаат организиран и контролиран посебен превоз и да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …