Заев и Ахмети остварија средба за започнување процес за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции

Заев и Ахмети остварија средба за започнување процес за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт.

На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии, на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Афион Опиум

OJO: Единаесет килограми опиум пронајдени во двор во Велес

Осомничениот држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања која му …