Заев му понудил влез во Владата, за Мицкоски предлогот бил надвор од неговите морални принципи

Заев му понудил влез во Владата, за Мицкоски предлогот бил надвор од неговите морални принципи

Премиерот Зоран Заев обелодени дека и’ понудил на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот. ВМРО-ДПМНЕ го одбила ваквиот предлог, но останала цврсто на барањето за амнестија.Заев му понудил влез во Владата, за Мицкоски предлогот бил надвор од неговите морални принципи

– Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме рефенедурномот, но го одбија тоа. Им испратив покана да влезат во Владат додека не станеме полноправна членка на НАТО, до крајот на 2019, почетокот на 2020 година кога ќе почнат и преговорите со ЕУ. Но, готово е тоа сега, Го одбија предлогот. Беше речено дека само амнестија е интересот. Се бараше членот 353 и 165 од законот да се променат- истакна Заев во отвореното студио на 1тв од Охрид.

Тој уште еднаш нагласи дека амнестија, директна или индиреткна, нема да има. Во текот на лидерските средби биле прифатени барањата на ВМРО-ДПМНЕ, законот за финансирање на политичките партии, законот за влада, а составот на ДИК бил договорен пред неколку месеци, а за да се постигне повеќе на опозцијата, рече, и понудил лепеза можности, кои значат одговорност на сите политички партии.

Заев на Мицкоски му понудил и, ако опозоцијата обезбеди 300.000 гласови против референдумот, може слободно да избере кога сака да има избори, но и тоа не било прифатено.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, денеска на својот фејсбук профил напиша статус во кој наведува дека се измислени неговите наводни барања за амнестија, а предлог за влез во Владата е непристоен и надвор од неговите морални принципи.

– Некој свесно заборава дека мандатот за Влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери. Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира Договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи. Суштината е дека учеството или неучеството во таква една Влада нема да го направи Договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби- пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …