Заев на средба со амбасадори од германското МНР: Континуирана поддршка за конструктивните политики и посветеноста на Северна Македонија

Заев на средба со амбасадори од германското МНР: Континуирана поддршка за конструктивните политики и посветеноста на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска, се сретна со делегација на германското Сојузно министерство за надворешни работи, составена од специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА-државите, амбасадорот Кристиан Хелбах, амбасадорот Томас Осовски, специјален претставник за ЕУ-политики и германскиот амбасадор во Скопје, Томас Герберих.

Премиерот Заев, изразувајќи благодарност за континуираната поддршка на Сојузна Република Германија за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО, ги истакна добрите билатерални односи меѓу двете земји, со взаемен интерес за унапредување на економската соработка.

„Со Договорот од Преспа покажавме дека преку вистински дијалог е можно решавање на меѓународните проблеми на Балканот. Имплементирањето на Договорот со Република Грција и поддршката која ја добиваме е силна мотивација за остварување на нашата цел, членството во НАТО и започнување на процесот на преговорите со Европската Унија“, истакна премиерот Заев.

На средбата, беше разговарано за придобивките од Преспанскиот договор со Грција и посветеноста на градењето на добри односи со сите соседи и е констатирано дека тоа е силна порака дека регионот на Балканот може да биде носител на мир, безбедност и стабилност.

Истовремено, беше повторена силната поддршка од Сојузна Република Германија за Република Северна Македонија и за посветеноста на Владата на конструктивните политики низ коишто се решаваат прашањата важни за државата и нејзините граѓани.

Беше констатирано, дека отворање на преговорите со Европската Унија, односно донесување позитивна одлука на Советот на министри на ЕУ во јуни, базирана на досегашните постигнувања и заслуги, ќе биде дополнителна мотивација за продолжување во таа насока и дополнително интензивирање на реформите, што како што беше заклучено, е важно за земјата и целиот Западен Балкан, пред сè од безбедносен аспект.

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …