Заев: Нашата земја го направи најдобриот перформанс во поглед на сите реформи споредено со останатите земји на Балканот

Заев: Нашата земја го направи најдобриот перформанс во поглед на сите реформи споредено со останатите земји на Балканот

„Ние Европа ја сакаме, затоа што сакаме да го имаме она што го има во Германија, Холандија и развиените земји и продолжуваме и со стратешкото партнерство преку НАТО и САД“, истакна премиерот Заев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

„Ние сме за унапредување  на соработката внатре во Западен Балкан, но во духот на Берлински процес, на европската економска агенда, на сето она коешто ќе не приближи побрзо кон нашето полноправно членство кон ЕУ“, истакна премиерот Заев, додавајќи дека нема да дозволи никој да обвини дека вината е кај нас, кога нашата земја го направи најдобриот перформанс во поглед на сите реформи, споредено со останатите земји на Балканот.

„Ќе продолжиме да работиме и ќе ги следиме европските вредности, да дадеме повеќе аргументи да ја промениме одлуката во наша полза“, нагласи премиерот Заев во однос на очекувањата за нова одлука од ЕУ во мај.

Тој се осврна и на потребата, изборите да им дадат простор на граѓаните да одлучат по кој пат ќе продолжат, по патот по кој земјата се движи последните две години или пак по патот на разединувањето, национализмот и поттикнувањето на нетрпеливоста кон одредени заедници кое што се правеше во минатото.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …