Заев од Бугарија: Историјата и минатото да бидат темел на кои ќе ја градиме европската иднина

Заев од Бугарија: Историјата и минатото да бидат темел на кои ќе ја градиме европската иднина

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов денеска во Благоевград, Бугарија заеднички ја чествуваа 115 годишнината од Илинденското востание.

Премиерите Заев и Борисов оддржаа билатерална средба пред почетокот на свеченоста, придружувани од Заменик претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Заменик претседателот на Министерскиот Совет и Министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов.

Денешната средба на премиерите Заев и Борисов се поклопува со првата годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете земји во Скопје на Илинден, 2 Август минатата година.

На средбата двајцата премиери ги потврдија заложбите за градење на заедничка иднина за граѓаните на двете земји, надминување на разликите, зајакнување на економскита соработка како процеси кои ќе донесат стабилност и просперитет за целиот регион.

Свечената церемонија се одвиваше на Плоштадот „Македонија“ пред споменикот на великанот од илинденскиот период „Гоце Делчев“.

Премиерот Заев во своето обраќање ги потенцираше вредносните пораки за евро-интеграција од значење за граѓаните на двете земји:

„Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евро-атлантската иднина на на нашите држави, на нашите народи и на целиот регион. Само тоа води до квалитетен живот.

Денес кога се поклонуваме пред загинатите за слободна иднина, со чист образ можеме да изговориме, дека и нашите генерации, минаа низ предизвиците и се бореа за право, за слобода и за човечки живот!

Република Македонија и Република Бугарија се здружија, си ги подадоа раце за да ги развиваме нашите односи.

По официјалните обраќања двајцата премиерите Заев и Борисов положија свежо цвеќе на споменикот на „Гоце Делчев“ – на централниот плоштад Македонија во Благоевград.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …