Заев од Шуто Оризари: Од Берлин носам вести - освен членството во НАТО, ќе има и преговори со ЕУ

Заев од Шуто Оризари: Од Берлин носам вести – освен членството во НАТО, ќе има и преговори со ЕУ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на средбата со граѓани во скопската општина Шуто Оризари повика на масовна излезност на 05.мај и успешни претседателски избори.

-Пред неколку часа дојдов од Берлин, тука прво ќе ја соопштам прво веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор. Сиљановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој укажа дека Република Северна Македонија се развива како едно заедничко општество за сите граѓани, од сите етнички заедници, кон НАТО и ЕУ, дека сме на вистинскиот пат како земја, потсети на последиците од режимот, рече дека Силјановска е кандидатка на режимот и сака само амнестија на Груевски, најави пакет социјални мерки, како што е зголемувањето на социјалната поддршка за социјално загрозените семејства од 2.600 денари на над 12.000 денари и апелираше да го сочуваме единството, зашто среќа за сите во државава и задржување на младите е можна, само по овој пат со Стево Пендаровски како претседател на државата.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …