Заев: Одлука за Иловица овој или следниот вторник, правно-формалните можности не се исполнети

Заев: Одлука за Иловица овој или следниот вторник, правно-формалните можности не се исполнети

Овој или следниот вторник Владата ќе ја донесе конечната одлука за иднината на рудникот Иловица, најави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите на населението на Штука и на Иловица против рудникот и барањата да му се укине концесијата на „Еуромакс Рисорсис“.

„Ако се биде завршено можно е овој вторник да се донесе одлуката, ако не следниот вторник зависи од правно формалниот аспект на процедурите низ помошните владини тела“, одговори Заев на новинарско прашање.

Одлуката треба да ја донесе Владата, рече Заев, но не сакаше да ја коментира самата одлука, затоа што, како што рече, ќе ја образложи со сите детали. Тој дополни и дека знаат и граѓаните и концесионерите, правно формалните можности не се исполнети.

Најавата за скорешна разврска на случајот Иловица, кој подолго време предизвикува незадоволство кај локалното население од струмичките села во близина на локацијата на неотворениот рудник, директно од премиерот Заев доаѓа после подолг молк на Владата околу судбината на овој проект кој од самиот почеток предизвикаа бројни контроверзи, а против него беа одржани и два локални референдума во 2017 година.

До сега, Владата беше воздржана околу својот став дали ќе му ја одземе концесијата за експлоатација на „Еуромакс Рисорсис“ или ќе му додели дозвола за работа. Тензиите кај локалното население зовреа неделава, кога археолозите на струмичкиот Завод за заштита на споменици и Археолошки музеј, финансирани од „Еуромакс Рисорсис“ почнаа со археолошки ископувања на просторот на идниот рудник, со тоа подгревајќи ги стравувањата дека претстои скорешно отворање на рудникот.

Денес градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков на својот фејсбук-профил објави дека Владата донесла одлука и дека рудник во струмичко нема да има, што беше пренесено од некои медиуми.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …