Заев по средбата со Алијанса и Алтернатива: Најдовме компромис за Законот за државјанство

Заев по средбата со Алијанса и Алтернатива: Најдовме компромис за Законот за државјанство

Направен е сериозен исчекор кон наоѓање на решение за Законот за државјанство, за кој се очекува до петок да се стави на хартија, соопшти денеска премиерот Зоран Заев, по денешната средба со претставници на Алијанса и Алтернатива на Албанците.

„Со претставниците на Алијанса и Алтернативна на Албанците имавме исклучителна средба на која е постигнат сериозен исчекор. Разговаравме за сите отворени прашања кои беа нивен предлог и се изнајдени механизмите за решение. Постигнавме компромис и ова е сериозен исчекор. Очекувам до петок да се стави на хартија. Целта е да се оформи законскиот текст и потоа да го разгледаме во парламентот“, изјави Заев.

Како што додаде тој, годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, а со оглед на европските земји каде што прагот е пет, седум, или десет години, во Законот ќе се извади просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка.

„Има 2.727 барања за државјанство за нешто повеќе од 3.200 граѓани, од кои 1.500 кои не живеат тука. Дополнително 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле во земјава и никогаш не добиле државјанство“, рече Заев.

Премиерот очекува АА-А да искомуницира со ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои го блокираат донесувањето на Петиот пакет мерки, со што ќе се отвори и патот за решавање и на Законот за државјанство.

Зијадин Села од Алијанса на Албанците истакна дека со изнаоѓањето решение за ова прашање, државата прави добар потег за градење на демократски капацитети.

„Една држава е демократска, толку колку што ги почитува основните човекови права. Решавањето на ова децениско прашање нè прави чекор понапред кон цивилизираните држави“, изјави Села.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …