Заев: Секој член на СДСМ да почитува и промовира три принципи, режим никогаш повторно

Заев: Секој член на СДСМ да почитува и промовира три принципи, режим никогаш повторно

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје истакна дека на следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување.

„Ние треба да ги охрабриме сите граѓани да изберат напредок. Затоа што само тој избор е победнички, порача Заев. Направивме многу. А имаме уште многу што да кажеме и што да направиме. Затоа нема скршнување од патот на победата, истакна претседателот обраќајќи се првенствено кон членовите и симпатизерите на СДСМ. Другарки и другари, победата бара посветеност и дисциплина.  Од секој од нас зависи, секој од нас може и умее!Ќе победиме! Затоа, ајде да се договориме! Да се договориме дека секој член на СДСМ, секој од нас, до изборите, ќе почитува и ќе промовира меѓу своите другарки и другари во партијата, три принципи, три столбови и три правила,  за сигурна победа на СДСМ“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје.

Прво правило, да зборуваме за успесите во економијата, економијата за нас е на прво место, затоа што имаме многу испорачано во изминатите 2,5 години, затоа што за 2.5 години направивме многу повеќе отколку претходните 11 години, рече Заев.

Претседателот на СДСМ потсети на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години и неизвесната иднина на граѓаните.

„Кога беа на власт, никој не знаеше каква е нашата иднина. Не знаеја ниту тие. Ниту беа загрижени за тоа. Се грижеа само за нивните криминални операции, за прислушување, за лично богатење“, рече Заев.

Тој спореди неколку факти за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Еве, ајде да споредиме: Ние ја вративме нашата земја повторно на мапата на светот. Ни оддадоа признание дека Северна Македонија е блескав пример. Ние сме шампиони во енергетските реформи. А тие – Најбогата партија во Европа! Шампиони по заробување на државата! Ние собираме признанија за државата, остваруваме стратешки цели, повисоки плати, пад на невработеност, а тие имотни листови од парцели и деловни простории. И пак се во долгови и во банкрот!  Па два бардаци вода да им дадеш да ги чуваат, двата ќе ги украдат и ќе избегаат во Будимпешта. Ние штедиме пари за да вратиме назад кај граѓаните, а тие потрошија 26 милиони евра народни пари на медиуми за да купуваат вистина. Вистина не се купува, вистината се живее. Порано во земјава се шепотеше, денес и медиумите и граѓаните зборуваат гласно. Слободата е наша, ваша, твоја, на сите! Си ја вративме слободата!“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на големата граѓанска трибина На прав пат денеска во Скопје.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …