Заев: Со сите чинители како и досега ќе го дизајнираме петтиот пакет на економски мерки

Заев: Со сите чинители како и досега ќе го дизајнираме петтиот пакет на економски мерки

Повисок економски стандард, повеќе инвестиции, подигнување на бруто-домашното производство како и зголемување на извозот се заложбите на Владата на Република Северна Македонија и сите политики се насочени во тој правец. Паралелно во тек се и мерките за ублажување на ефектите од КОВИД-19,  рече премиерот Зоран Заев во гостувањето на емисијата „Економски магазин“ на Алсат М.

Премиерот Заев најави дека веќе се развиваат потребните мерки кои што треба да опстојат и во следниот период.

„Навистина ефектите од четвртиот пакет се одлични, односно сочуваа многу работни места, 58.000 работници месечно тоа се повеќе од 170 илјади исплатени плати. Деновиве се изврши и исплатата на 6.000 денари, директно на сметките на граѓаните, а се помогнаа и многу дејности. Со крајот на годината и почетокот на јануари веќе ќе ги развиваме потребните мерки кои што треба да опстојат и во следниот период. Знаете дека за декември платата се исплаќа во јануари. Ние веќе парите од овогодишниот буџет ги резервиравме на посебните наменски сметки за УЈП да ги исплати за декември“, рече Заев и го најави петтиот пакет економски мерки.

Тој подвлече дека она што ќе биде консултација со коморите, синдикатите и сите чинители како и до сега, ќе го дизајнира и петтиот пакет на економски мерки.

„Нови пакет мерки ќе има, кризата ќе опстојува најмалку до првиот квартал. Доколку коморите сметаат дека мерката за субвенционирање на плати е добра ние ќе ја поддржиме, дополнително доколку сметаат дека други видови на мерки за нив се подобри и се поважни ќе ги разгледаме. Нашите очекувања се дека првото полугодие од следната година ќе биде и излез од оваа криза генерално и затоа е важно да се дискутира. Владата ќе развие нови пакети врз основа на социјален дијалог во кој се вклучени и компаниите и работниците преку синдикатите. До сега имаме разбирање, за одредени случаи и ние нудиме административна помош сé со цел компаниите да ги искористат средствата за плати за работници и работни места“, додаде Заев.

Премиерот истакна дека Буџетот за 2021 година е добро димензиониран и стабилен на крајот на оваа година, со што се очекува така да продолжи и во првото полугодие.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …