Заев во Визбегово: Се грижиме за секој поединец, секој заслужува еднакви можности за инклузија во општеството

Заев во Визбегово: Се грижиме за секој поединец, секој заслужува еднакви можности за инклузија во општеството

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска ги посети привремените живеалишта за лица бездомници во Визбегово, а кои претходно живееја на отворено под тврдината Кале.

Во својата изјава за медиумите, Премиерот Заев истакна дека Владата на Република Македонија и министерството за труд и социјална политика се определени да градат инклузивно општество, бидејќи секој поединец е важен и секој треба да има еднакви можности за социјална вклученост. Понатаму, во својата изјава Премиерот Заев рече:

„Среќен сум што овие луѓе, овие 15-тина семејства, овие дечиња коишто ги посетивме денеска, а коишто претходно живееја на отворено под тврдината Кале, претстојните студени зимски денови ќе ги поминат на топло, со доволно храна, но и се останато што им е неопходно.

Дополнително, граѓанските здруженија ќе им помогнат заеднички да подготват индивидуални планови за вклучување на пазарот на труд, за социјална заштита и здравство, за обезбедување на документи за лична идентификација, како и за вклучување на децата во образовниот систем.

Ромската популација е една од најранливите во нашата земја и затоа се заложивме дека ќе им помогнеме. Само оваа година, граѓаните Роми се вклучени во неколку програми од Оперативниот план за вработување.

Со учество во програмата за поддршка за самовработување, до јули годинава осуммина наши сограѓани Роми, меѓу кои и една жена, изработиле сопствен бизнис план, додека преку програмата – поддршка за креирање на нови работни места, се вработени 24 лица, од кои половината се жени.

На крајот би истакнал дека социјалната реформа која стартува од почетокот на 2019-та година значително ќе придонесе за активирање на пазарот на трудот на најранливите категории лица, а со тоа и нивно извлекување од сиромаштија.

Со воведувањето на детскиот и образовниот надоместок, коишто ќе можат да ги добиваат децата од семејствата каде двајцата родители се невработени, но и децата во домаќинства со минимален приход, на секое дете ќе му овозможиме еднакви можност, како и вклучување во образовниот процес кој е основа за понатамошниот личен и професионален развој“.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …