Врнежи од дожд

Заладување на времето со врнежи од дожд, на повисоките места снег

Под влијание на циклонска активност, денеска ќе има врнежи од дожд кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег. Врнежи ќе има и утре претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање на снежна покривка.

Денеска и утре ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, а во среда со услови претежно на планините да провејува слаб снег. Минималната тепература ќе се спушти до -4, додека максималната ќе изнесува 16 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

И новите градоначалници никој не ќе може да ги смени

И новите градоначалници никој не ќе може да ги смени

Новите градоначалници избрани на локалните избори на 19 октомври и 2 ноември нема да може …