Заменик градоначалникот на Париз во посета на Битола
SONY DSC

Заменик градоначалникот на Париз во посета на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, вчера оствари средба со заменик градоначалникот на францускиот главен град Париз, Кристоф Најдовски.

Најдовски по потекло е битолчанец, кој е роден и живее во Париз. Како заменик градоначалник е задолжен за мобилност и превоз во Париз. Токму организацијата на превозот и сообраќајот во градот беше тема на разговор на средбата помеѓу Петровска и Најдовски. Исто така, беа разгледани и можностите за идна соработка во повеќе области и размена на позитивните искуства од двете страни.

Кристоф Најдовски, како припадник на партија која во прв план ја има заштитата на природата, посебно се интересираше за развојот на Пелистер, особено за напредокот во еко туризмот и велосипедизмот, бидејќи Битола се повеќе е присутна на мапата на светските дестинации за еко туризам и велосипедизам.

Соговорниците постигнаа согласност за воспоставување на поголема соработка, размена на искуства во организацијата и спроведувањето на дел од активностите на локалната самоуправа.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …