(Видео) Започна официјалната посета на претседателот Пендаровски на Црна Гора

(Видео) Започна официјалната посета на претседателот Пендаровски на Црна Гора

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со што започна неговата дводневна официјална посета на Црна Гора.

По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Ѓукановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора одржаа пленарен состанок на кој беа потврдени одличните традиционални партнерски и пријателски односи, како и плодниот политички дијалог меѓу двете држави.

Во контекст на регионалната соработка, се разгледаа и прашањата од значење за европската иднина на двете држави, како и геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски денеска ќе оствари средби и со Здравко Кривокапиќпретседател на Владата на Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во среда – 13 април 2022 година, во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Прочитајте повеќе

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на тренинг-центарот во Идризово, најави изградба на уште еден …