ЗАПОЧНА РЕНОВИРАЊЕТО НА БИТОЛСКОТО „ЌУМУРНО ИГРАЛИШТЕ“

ЗАПОЧНА РЕНОВИРАЊЕТО НА БИТОЛСКОТО „ЌУМУРНО ИГРАЛИШТЕ“

Во Битола започна реновирањето на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, попознато како „Ќумурно игралиште“.

Општина Битола го финансира менувањето на оштетената мрежна ограда, појачување на челичната конструкција и поставување на 6 нови врати, во вредност од 381.600 денари.

Градоначалничката Наташа Петровска го посети овој спортски објект, каде што се сретна со изведувачите и со дел од спортистите кои го користат за секојдневен тренинг. Изведувачот ја запозна со активностите кои што ќе бидат преземени во следните 30 работни денови, а спортистите пак, посочија дел од активностите, но и дел од претходните проблеми со кои се соочуваа во делот на изведување на тренинзите. Тие истакнаа дека со овој зафат на Општина Битола, ќе им се овозможи поквалитетен и побезбеден начин на тренирање. Дадоа и свои предлози за натамошно надоградување на игралиштето со дополнителни содржини.

„Ќумурното игралиште“ го користат голем број спортски клубови за одржување на тренинзи. Со него управува Општина Битола, а го одржува Јавното претпријатие „Комуналец“.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …