Започна светиниколскиот хуманитарен турнир во мал фудбал

Започна светиниколскиот хуманитарен турнир во мал фудбал

Со натпревар од пионерска категорија вчера претпладне започна светиниколскиот хуманитарен турнир, којшто оваа година има за цел собирање средства за граѓаните од Општина Прилеп со ретки болести, меѓу кои и за оние со цистична фиброза. Според планот и подготовките на првиот ден од турнирот се одиграа и натпревари за ветерани и сениори, а посетеноста според организаторот „Локален спортски сојуз – Прилеп“, во самиот старт е солидна.

„Натпреварувањето протекува во најдобар ред и се игра коректно. Посетеноста за денешниот ден, како прв ден од турнирот, е солидна. Можам да истакнам дека ги поканувам сите љубители на малиот фудбал слободно да дојдат и да го посетат овој турнир, бидејќи за групната фаза, како што и најавивме, не се наплаќаат влезници. Морам да истакнам дека затоплувањето во салата е добро, така да секој љубител којшто ќе дојди да гледа натпревари од турнирот ќе се осеќа пријатно.“, изјави претставникот на Локалниот спортски сојуз, Горан Спиркоски.

Според ждребката што беше извршена минатиот петок и спрема составите кои ги доставија екипите, вкупно во сениорска конкуренција се пријавени 35 екипи, кои се поделени во 8 групи, со тоа што 3 од 8-те групи имаат по 5 екипи, а останатите по 4.

„Квалитетот спрема ланската година е подобар и до крајот на турнирот ќе гледаме голем број на доста квалитетни натпревари, а како ќе се одвиваат натпреварите во групната фаза и потоа во елиминациите ќе има се’ поголем број на квалитетни натпревари. Екипите што ќе останат до финалето на прилепската јавност ќе и’ понудат одличен квалитет и одлични натпревари.“, додаде Спиркоски како очекување за годинешниот светиниколски хуманитарен турнир.

1 ден – Резултати по групи – СЕНИОРИ

09.Декември.2018 година ( Недела )

СЕНИОРИ

16.00 ч. „Евротип“ – „Газија” 1:4

16.40 ч. „Фенербахче“ – „Валгор Комерц“ 8:0

17.20 ч. „Тризла 2“ – „Братство 07“ 2:2 (0:1) п.

18.00 ч. „Плинови Монт“ – „Хаус Монт“ 0:2

18.40 ч. „Мермерен Комбинат“ – ФК„Црнилиште“ 2:3

19.20 ч. „Кафе Ин“ – „Реалност 06“ 0:0 (3:4) п.

20.00 ч. „Витаминка“ – „Јуниор“ 4:1

20.40 ч. „Реалност 06“ – „Александар Македонски – Џулијано“ 3:1

 

1 ден – Резултати по групи – ПИОНЕРИ

09.Декември.2018 година ( Недела )

ПИОНЕРИ генерација 2009 и помлади

10.00 ч.„Пиц.Милано-А.Пандев МБ“–„Автоконтрол“ 1:1 (2:1) п.

ПИОНЕРИ генерација 2005 и 2006

10.40 ч. „Кафе Чао-А.Пандев МБ“ – „Ивовод” 0:1

11.20 ч. „Конфекција Кули“–„Генерација 2006“ 4:1

 

1 ден – Резултати по групи – ВЕТЕРАНИ

 

09.Декември.2018 година ( Недела )

ВЕТЕРАНИ

15.00 ч. „Ел.Елемент-Пар. Горан“–„ОМР Прилеп“ 2:2 (1:2) пенали

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …