Завршени ДНК анализите на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава

Завршени ДНК анализите на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава

Завршени се ДНК анализите на Институтот за судска медицина и во моментот се договара транспортот на телата на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција – изјави Спасовски по денешното одбележување на 15 години од формирањето на МАРРИ Регионалниот центар.

Претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИВНСИ), Зоран Илиевски, вчера информираше дека остатоците на авионот ќе бидат подигнати веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови. Во истражниот тим за уривањето на „цесната“ ќе се приклучат и двајца бугарски истражители.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …