Заврши регуларниот дел од пинг понгарското првенство

Заврши регуларниот дел од пинг понгарското првенство

Ако стартната позиција на тоа кои екипи ќе учествуваат во плеј офот се знаеше пред одигрувањето на двете последни кола, борбата за опстанок донесе интересна разврска за дното на табелата.

Екипата на Вардар во директен дуел во претпоследното коло го совлада Работнички, екипа која во последното коло беше поразена и од Крива Паланка 2007, со што повеќекратниот шампион во Македонија во пинг понг, Работнички, од следната сезона ќе се натпреварува во рамките на Првата лига. Од лигата покрај Работнички испаѓаат и екипите на Телеком НЕЦ и Струга.

Екипата на Радовиш шансата за опстанок ќе ја бара во бараж натпреварот со екипата на Рисови, кои беа второпласирани во Првата лига.

Место во плеј оф натпреварите обезбедија екипите на Младост 96, екипа која во регуларниот дел на првенството заврши со 18 победи од исто толку натпревари, Младост, Шампион Фа и Телеком НЕЦ 2, екипа која во пролетниот дел на сезоната забележа само еден пораз.

Полуфиналните плеј оф парови ги сочиниваат, Младост 96 – Телеком Нец 2, и Младост – Шампион ФА. Екипите на Младост 96 и Младост стартуваат со предност од 1:0, бидејќи имаат по две победи над своите ривали во регуларниот дел од првенството.

РЕЗУЛТАТИ СУПЕР ЛИГА XVII КОЛО

Вардар – Работнички 4:2

Струга – Телеком Нец 3:4

Младост – Шампион ФА 4:3

Радовиш – Телеком Нец 2 1:4

Крива Паланка 2007 – Младост 96 1:4

РЕЗУЛТАТИ СУПЕР ЛИГА XVIII КОЛО

Работнички – Крива Паланка 2007 0:4

Младост 96 – Радовиш 4:0

Телеком Нец 2 – Младост 4:1

Шампион ФА – Струга 4:0

Телеком Нец – Вардар 2:4

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …