Заврши средбата Заев – Мицкоски, пописот одложен за 5 септември

Заврши средбата Заев – Мицкоски, пописот одложен за 5 септември

Во Клубот на пратеници заврши средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Во изјавите дадени после средбата, заев и Мицкоски потврдија дека заради што поголем процент на имунизација на населението и заштита на здравјето на граѓаните, пописот се одлага за 5 септември.

Исто така, на средбата е договорено одблокирање на законите кои се заглавени со Собранието, меѓу кои се и законите за изградба на Клиничкиот центар, исплатата на средствата од петтиот пакет економски мерки и други важни закони.

Истовремено, Заев и Мицкоски се договориле да дојде до одлагање на локалните избори, кои ќе бидат одржани во втората половина од октомври, при што ќе бидат направени одредени измени во Изборниот законик.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …