Кандидати кампања

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за претседателските и за парламентарните избори

Вечерва на полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година и започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април.

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за претседателските и за парламентарните избори, информира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето на какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за изборите 2024.

Седумтемина претседателски кандидати денеска продолжија со своите карвани. Стево Пендаровски, подржан од коалицијата „За европска Македонија “, предводена од СДСМ, имаше средба со жителите на Демир Хисар и митинзи во Ресен и Битола.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е на средби и митинзи со граѓаните на Лозово, Карбинци, Пробиштип и на Штип.

Билјана Ванковска од Левица поддршката ја бараше во Кичево и во Гостивар.

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски од ГРОМ има средби со граѓани од Ѓорче Петров и од село Волково. Претендентот за шеф на државата од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска се сретнува со жителите на Радовиш, Василево, Ново Село, Босилево и на Струмица.

Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ вечер ќе има митинг во Скопје на плоштадот Скендербег. Со агенда за презентирање на програмата продолжува и кандидатот од ДУИ и коалицијата Бујар Османи.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …