Болница Битола

Здравствени инспектори во битолската болница ги утврдуваат причините за смртта на шестгодишното девојче

За случајот уште вчера имаше информации дека е извесен јавен обвинител и телото е дадено на обдукција, но засега нема повеќе информации.

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и јавен обвинител се во болницата во Битола, откако вчера во болницата почина шестгодишното девојче Јана. Како што информираа надлежните власти, директорот на болницата Александар Обедниковски доаѓа во Скопје и ќе се состане со министерот за здравство, Фатмир Меџити и со неговата заменичка Маја Манолева.

„Веќе е започнат вонреден надзор за тоа што се случило во Битола, директорот е веќе на пат за Скопје каде што ќе има состанок со министерот и заменичката, а информирано е и јавното обвинителство. Сите детали, откако ќе ги имаат, ќе бидат споделени со јавноста. Тие треба да се врз основа на факти, да се утврди објективната состојба и врз основа на нив да се направат соодветни санкции таму каде што ќе биде потребно“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Министерот Меџити кажа дека ќе ја информира јавноста откако ќе има повеќе информации за случајот. Тој рече дека не разговарал со некој од семејството на девојчето, но кажа дека тоа ќе го стори откако ќе видат што ќе покаже инспекцијата.

За случајот уште вчера имаше информации дека е извесен јавен обвинител и телото е дадено на обдукција, но засега нема повеќе информации.

Според она што беше обелоденето јавно во медиумите, шестгодишното девојче починало во болницата откако било примено со симптоми на настинка. Таткото на девојчето за неколку медиуми изјави дека на девојчето ѝ бил измерен покачен шеќер во крвта со вредност 9, но и покрај тоа, во болницата добило инфузија со гликоза.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …