Зеленски

Зеленски побара единство на Г 20 за да се стави крај на војната во Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги повика лидерите на Групата 20 индустриски развиени и земји во развој (Г20) да ги надминат поделбите со цел да придонесат за завршување на војната во Украина.

Зеленски, кој се врати од Херсон, град во јужна Украина кој беше вратен под контрола на украинските сили, беше еден од првите што им се обрати на лидерите на самитот преку видео врска.

„Убеден сум дека сега е време да се запре уништувачката војна на Русија. Војната може да се запре. Не може да има оправдување за нуклеарна уцена“, додаде Зеленски, особено заблагодарувајќи се на „Г19“, групата, со што ја исклучи Русија од оваа моќна група.

Рускиот претседател Владимир Путин не присуствува на самитот, но неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е на Бали.

Војната во Украина официјално не е на дневен ред на самитот, но темата доминира на состанокот.

Домаќинот на собирот, индонезискиот претседател Јоко Видодо го отвори самитот повикувајќи на прекин на војната во Украина. Видодо рече дека светот не треба да се подели на неколку табори и да не му се дозволи да започне нова Студена војна.

Самитот Г20, најважниот собир на светските лидери од почетокот на пандемијата на корона вирусот, започна на 14 ноември на индонезискиот остров Бали, а тоа е првиот самит што се одржува речиси девет месеци од почетокот на руската инвазија на Украина, која предизвика тешки економски последици за целата планета, со закана од употреба на нуклеарно оружје.

Членките на Г20 се САД, Русија, Кина, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Турција, Канада, Мексико, Бразил, Аргентина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Индонезија, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Европска Унија.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …