Жбогар: Прерано е да се предадеме, да бидеме депримирани или разочарани

Жбогар: Прерано е да се предадеме, да бидеме депримирани или разочарани

Евроамбасадорот Самуел Жбогар прашан да ги коментира најавите на премиерот Зоран Заев дека ако Македонија не добие датум за преговори можно е да го врати мандатот и да се оди на избори, рече дека не е сè  завршено.

„Немам некои нови информации, но можам да кажам дека не е завршено додека сè не заврши. Но, став на Европската комисија е дека земјата е подготвена да оди на наредниот чекор. Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, кажа дека ќе направи сè што може да лобира кај земјите-членки за да почнат преговорите со Северна Македонија“, рече Жбогар.

Тој додаде дека е „прерано да се предадеме и не би требало да бидеме депримирани или разочарани“.

„Вистинско време е сите да се ангажираме и да ги убедиме земјите-членки на ЕУ дека земјата е подготвена да ги започне преговорите“, додаде Жбогар, кој денеска престојуваше во Берово.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …