На Државното првенство за помлади пионери и кадети кое вчера се одржа во Скопје, младите џудисти на ЏК „Дрим“ Струга постигнаа голем успех.
Од вкупно 23 натпреварувачи на ЏК „Дрим“ Струга, дури 17 се закитија со медали.
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ
-Давид Спироски -38 кг
-Катерина Клењоска -32 кг
-Мишела Јаулевска -48 кг
-Елеонора Јосифоска -36 кг
-Мила Стојмиловска -44 кг
-Филип Шипоски -27 кг
-Божидар Јуловски -30 кг
-Константин Ѓоргоноски -34 кг
-Драган Антониевски -38 кг
-Мартина Салви -40 кг
-Јосиф Нелкоски -50 кг
-Лука Трца -55 кг
-Давид Ќосески -60 кг
-Христијан Вранишкоски +60 кг
КАДЕТИ
-Анамарија Стојмиловска -48 кг
-Драгица Рафтоска -63 кг
-Матеј Балоски -73 кг
Иако не освоија медал, одлични борби прикажаа и Трајче Нелкоски, Ермонд Мехмедоски, Анастасија Трајческа, Лазар Јованоски, Амар Бајрамоски и Васко Коцески.
Тренерите и раководството на ЏК „Дрим“ Струга се исклучително задоволни од резултатите кои младите џудисти ги постигнуваат во последниот период и велат дека ако се суди според поговорката дека во младите е иднината, тогаш на ЏК „Дрим“ му претстои блескава иднина.