Седница на Советот на општина Прилеп

11-та седница на Советот на општина Прилеп

Советот на општина Прилеп, утре 4 мај ќе ја одржи редовната 11-та седница. На дневниот ред од седницата ќе се најдат следните прашања:

  1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на Јавно претпријатие за енергетски дејности.
  2. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп.
  3. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Надзорниот одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп.
  4. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување во 2022 година на ЈКП ,,Пазари” Прилеп.
  5. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација“- Прилеп за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година.
  6. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец“-Прилеп за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година.
  7. Предлог-Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас во водотеците во плански опфат на УПС Крстец, КО, Крстец Општина Прилеп.

Седницата на општинскиот Совет започнува во 12 часот, во големата сала на Општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …