Спасовски: Преку низа мерки ги ослободивме институциите и ја придвиживме економијата

Спасовски: Преку низа мерки ги ослободивме институциите и ја придвиживме економијата

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, учествуваше на трибина во општина Ѓорче Петров.

„Реализираме голем дел од мерките преку коишто ги реформираме, професионализираме и ослободуваме институциите. Ставивме крај на заробената држава и денеска институциите да работат единствено во интерес на граѓаните“, рече во таа прилика Спасовски и додаде:

„Во изминативе 10 месеци месеци и како партија предводник на Владата и парламентарното мнозинство работевме напорно, работевме одговорно и на домашен и на меѓународен план за да се врати довербата во институциите, да се врати довербата во Република Македонија и нашата држава повторно да стане почитуван регонален и глобален партнер. И денеска, после една година од 27 април кога Македонија беше на работ од бездната на пропаста, можеме да заклучиме дека Македонија направи еден огромен исчекор напред. Денес Македонија има сериозна поддршка и е почитувана држава во регионот и Европа. Тоа носи стабилност а стабилноста и интеграциите носат повеќе инвестиции, подобри работни места, повисоки плати“.

Во своето обраќање, Спасовски зборуваше за мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните како што се зголемувањето на минималната плата, укинувањето на радиодифузната такса, материјалната поддршка за стечајните работници, воведувањето на евтината тарифа на струјата, а ги потенцираше и проектите што претстојат и имаат за цел обезбедување нови работни места, економски раст и унапредување на евроинтеграциските процеси на државата.

Во разговор со граѓаните Спасовски ги презентираше активностите на полиција за зголемување на безбедноста на сообраќајот, а исто така ги информираше граѓаните и за продолжување на проектот „Маалски полицаец“, постапно, низ повеќе населени места, проект со кој се зголемува ефикасноста и полицијата делува како вистински пријател-заштитник на безбедноста и спокојот на граѓаните.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …