36-та седница на Советот на Општина Прилеп, буџетот и урбанистичките планови централни точки
DCIM100MEDIADJI_0026.JPG

36-та седница на Советот на Општина Прилеп, буџетот и урбанистичките планови централни точки

Советот на Општина Прилеп во четврток, 28 декември, ќе ја одржи редовната 36-та седница, на која советниците ќе расправаат по следните прашања:

  1. Предлог-Буџет на Општина Прилеп за 2024 година.
  2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година.
  3. Предлог-Одлука за утвдување на вредност на бодот за платите на административни службеници, за 2024 година.
  4. Предлог-Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
  5. Предлог-Програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2024 година.
  6. Предлог-Програма за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2024 година.
  7. Предлог-Буџетски Календар на Општина Прилеп, за 2024 година.
  8. Предлог-Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Оптшина Прилеп.
  9. Предлог-Проргама за работа на Советот на Општина Прилеп за 2024 година.
  10. Предлог- Програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп за 2024 година.
  11. Предлог-Програма за обезбедување на оброк за учениците во прво и второ одделение од основните училишта во Општина Прилеп за 2024 година.
  12. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче.
  13. Предлог-Програма за доделување на стипендии на студенти од Општина Прилеп.
  14. Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година.
  15. Предлог-Програма за култура- фестивали и манифестации, за 2024 година.
  16. Предлог-Програма за одбележување на значајни настани, личности и празници.
  17. Предлог- Програма за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.
  18. Предлог-Правилник за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.
  19. Предлог- Програма за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп.
  20. Предлог-Правилник за услови и критериуми за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп
  21. Предлог-Програма за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп.
  22. Предлог-Правилник за услови и критериуми за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп.
  23. Предлог-Програма за поддршка на локалниот економски развој за 2024 година.
  24. ПредлогОдлука за донесување на техничка исправка на Детален урбанистички план за УЕ 5-дел, плански опфат Ц – Општина Прилеп.
  25. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за  четврт 3, блок 3.1, Општина Прилеп, плански период 2023–2028.
  26. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план
    за четврт 12, блок 12.4, Општина Прилеп, плански период 2021–2026.
  27. Предлог-Одлука за урбанистички проект со план за парцелација за ГП 5, ГП 6, ГП 7 И ГП 8 од ДУП за УЕ бр.18, уб 18.02, плански опфат 1, во една градежна парцела, КО Прилеп, Општина Прилеп.
  28. Предлог-Акционен план за управување со отпад на локално ниво-Општина Прилеп, 2024 и 2025 година.

Прочитајте повеќе

Кузеска: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

Кузеска: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, …