„360 степени“: Обвинителството отвори предмет за надзорот над „Бехтел и Енка“

Од обвинителството за „360 степени“ одговориле дека отвориле предмет по допрен глас и дека тој веќе е распореден кај јавен обвинител.

Изборот на надзорот за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д, ќе биде под лупа на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), јави „360 степени“.

На упатено прашање од редакцијата до ОЈО-ГОК, дали ќе се отвори предистражна постапка по допрен глас, по серијата пишувања за фирмите што се избрани да го вршат надзорот, од Обвинителството за „360 степени“ одговориле дека отвориле предмет по допрен глас и дека тој веќе е распореден кај јавен обвинител.

Изборот на фирмите што ќе вршат надзор на изградбата на коридорите 8 и 10-д од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ изминатиот период беше една од темите во фокусот на јавноста.

Конзорциумот кој победи на тендерот за надзор е предводен од италијанската „ИРД инженеринг“, а во него сè уште три компании: шпанската „Ептиса“ и двете домашни фирми „Електра Солушнс“ и „Евро консалтинг“.

Целиот текст на „360 степени“ може да се прочита тука.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче пред сопартијците: Тука сме да пристапиме на секој, да прашаме што му треба (ВИДЕО)

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета на Струмица разговараше со членството на СДСМ. При …