лекари

440 лекари годинава положиле стручен испит

Лекарската комора најавува дека од 2024 година ќе го модернизира процесот на полагање на стручен испит, по примерот на останатите коморски асоцијации од западно-европските држави со кои се остварува блиска соработка

Во десет испитни сесии кои биле организирани во текот на годинава стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање лиценца за работа, соопшти Лекарската комора.

Најголем интерес за полагање стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија, кога положиле 232 доктори на медицина.

Инаку, докторите на медицина по завршување на Медицинскиот факултет и приправничкиот стаж, најдоцна во рок од една година треба да полагаат стручен испит за да може да се стекнат со лиценца за работа. Организацијата на полагањето на стручниот испит е една од надлежностите на Комората, покрај издавањето на лиценци, водење на Регистар на лиценци, акредитација за континуираната медицинска едукација и спроведување стручен надзор.

Минатата 2022 година стручен испит положиле 435 доктори на медицина, во 2021 уверенија за положен стручен испит добиле 350. В во 2019 година оваа бројка била 420.

Од Комората во 2024 година најавуваат дека ќе го модернизираат процесот на полагање стручен испит, по примерот на останатите коморски асоцијации од западно-европските држави, со кои се остварува блиска соработка.

„Базата на испитни прашања е обновена и дополнета и веќе е објавена на интернет страницата на Комората. Новина ќе биде тоа што писмениот дел од испитот ќе се полага на компјутер, каде посебен програм ќе генерира тест со испитни прашања и понудени одговори од кои само еден ќе биде точен. Откако ќе бидат одговорени сите прашања, компјутерскиот програм автоматски ќе го дава и бројот на точни одговори. Докторите кои точно ќе одговорат 60 проценти од прашањата ќе се упатуваат на полагање на практичен и устен дел од испитот“, објаснуваат од Лекарската комора.

Во практичниот дел, пак, докторите ќе добиваат студија на случај на пациент и тие треба да објаснат како ќе го лекуваат. Во последниот, устен дел, акцентот се става на познавањето на етичките норми и правила кои лекарот треба да ги почитува во практикувањето на докторската дејност.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …