Денеска дожд и снег, од четврток утрински температури од 10 степени под нулата

Денеска ќе преовладува облачно време, со пообилни врнежи, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени Целзиусови.

Утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег и ќе дува засилен северен ветер. Од среда времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер, а од четврток постудено со утрински температури кои на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.

Прочитајте повеќе

Ковачевски

Ковачевски: Јајцата од кокошка, оризот се со замрзнати цени, намалена и цената на брашното, најавено намалување на цените на овошјето, зеленчукот и хигиенските производи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, …