Денеска сончево време, во следните денови пораст на температурите

Денеска сончево време, во следните денови пораст на температурите

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 9 степени Целзиусови.

Во следните денови не’ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.
Влажен бран со врнежи на повеќе места се очекува во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени под нулата, а дневната ќе достигне 14 Целзиусови степени.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …