Потпишување на меморандум за соработка во борбата против радикализација преку интернет

Потпишување на меморандум за соработка во борбата против радикализација преку интернет

Во просториите на Клубот на пратеници, денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка во борбата против радикализација преку интернет, кој произлегува од ИПА проектот „Зајакнување на капацитетите за превенција/спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот“, финансиран од Европската Унија.

Документот ќе биде потпишан од претставници на државните институции и компании, вклучени во процесот на спречување на радикализација преку интернет: Влада на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање, Агенцијата за млади и спорт, Македонска академска истражувачка мрежа, Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, Македонски Телеком а.д., А1 Македонија ДООЕЛ Скопје.

Прочитајте повеќе

Одиме за Кочани

Граѓанското движење „Кој е Следен“ оваа сабота ќе оди во Кочани на „Маршот на Ангелите“

Граѓанското движење најави дека тргнувањето ќе биде организирано од две локации, паркинзите на „Хотел Хилтон“ …